20-тите јубилејни Медитерански спортски игри со најбројна македонска селекција, но без ниту еден велешанец

Петар Печков

Во тек се Медитеранските спортски игри кои се одржуваат во Таранто Италија. Овие игри се јубилејни 20-ти по ред. На нив учествуваат и 88 македонски спортисти, што според Македонскиот Олимписки комитет е најбројна експедиција од четирите учества на Македонија. Меѓу нив нема ниту еден спортист од Велес. Ова може да се провери и на веб страница на Таранто. За разлика од претходните три игри во Мерсин  Турција 2013, Тарагона Шпанија 2018 и Оран Алжир 2022 каде имаше повеќе велешки спортисти, годинава ги нема во селекцијата, што зборува за квалитетот на велешкиот спорт. 

Македонските бои  ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година. 

Игрите започнаа на 21 август, завршуваат на 3 септември. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати