Хитот ,,Једина,, на Тоше беше ,,Памела,, испеан на концерт во Велес

Петар Печков

На концертот на македонската поп икона Тоше Проески, одржан во Велес 2005-тата, тој  премиерно ја пее песната ,,Једина,, која тогаш работно е именувана ,,Памела,,.  Овој  момент излезе во јавноста, откако на денот на неговата смрт, пред некој ден  на јутјуб беше закачен концертот кој Тоше го одржа во Велес, зимата 2005-тата, во дискотеката ,,Даунтаун,,.  Во еден момент на задоволство од приемот на публиката Тоше најавува дека  ќе испее  песна, и тоа само рефренот,  од  новиот албум, кој наскоро ќе излезе во продажба.

И ја пее 15-тина секунди песната ,,Памела,, Откако публиката громогласно ја прифаќа, тој ја пее целата, иако вели дека тоа не смее да го стори, но ја чести со еден нов хит.  По неколку месеци, откако излезе албумот ,,По тебе,, каде е во македонска верзија е ,,Громови на душа,, а во српска  ,,Једина,, тоа е песната во работна верзија ,,Памела,,. Таак тој остана верен, во неговата кариера нема на ниту еден  албум песна посветена на  женско име.    

Организаторите  на концертот во Велес пак се сеќаваат какви  натегања се имало околу цената на влезницата. Таа била 300 денари што тогаш била висока и до пладне за концертот имало продадено само 30-тина влезници. Домаќинот се одлучил да ја спушти цента на 150 денари, што наишло на негодување кај луѓето во продукцијата. Новата поволна цена придонела вечерта дискотеката да биде  претесна да ги прими сите кои сакале да го гледаат Тоше во живо. 

Тоше ,,Памела,, ја пее на 1:16:32 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати