Спортските игри завршија, една седмица Градскиот парк беше исполнет со публика и спортисти (фото)

Петар Печков

Bo  саботата завршија Спортски игри Велес 2026, петто издание на кое учествуваа  700 спортисти,  120 од нив биле од  странство.  Организатор беше  здружението Евентив.  Учесниците се натпреваруваа во четири спорта, мал фудбал, одбојка на песок, тенис и 3х3 баскет. Се играше на терените од Градски парк. Наградниот фонд беше еден милион денари. 

Ова се победниците:
Тенис  победи Ване Андонов кој во финалето славеше над  Иса Бајрами  со  2:1 - 6:3 /0:6/ 7:6  во тај брејк  беше 7:5.   За илустрација  Барјами водеше 4:1  во трети сет  и 5:2 во тај брејкот.

Во парови победија  Шајновски /Богоевски   кои беа подобри од  Арсов /Усинов со 2:0 по сетови  6:3/6:4

Во баскет 3х3  победник е тројката Еуроедил холдинг кој во финалето беше подобар од Скопје кино Влае со  21:17

Во мал фудбал победи составот на  Фрејт уан  од Радовиш кој со 2:0 славеше над  Хотел инекс Олгица. 

Одбојката на песок имаше три дисциплини. Во  мешани двојки  победи двојката Пабло (Шпанија) Селма (САД) над Задмард (Иран) Вакувска (Македонија)   со 2:0 (16;13). Кај жените победнички се  Анџела  Катерина (Србија)  кој славеа над  Крути Пирова (Косово) во интересен и неизвесен меч со  2:1 (-10;15; 8). Кај мажите победници се Пабло (Шпанија) Матеј  (Македонија) кои исто така во воздудлив и  неизвесен двобој ги победија Бошков (Македонија)  Задмард (Иран) со  2:1 (12; -18; 11).                         

фото Општина Велес и Спортски игри Велес

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати