Подвижна Агро - Метео станица

Петар Печков

Подрачната единица на  Агенцијата за поттикнување на  развој на земјоделието од Велес доби агро- метеоролошка станица. Вакви мерни инструменти има вкупно шест а еден од нив заврши во Велес.  

Овој инструмент ќе биде поставен во населба Чашка, со тоа што може да се дислоцира и поставува според потребите.  Важно е да има чуварска служба, да има кој да го заштити а таму ќе бидат вработените од комуналното претпријатие. Ќе се  мерат вредностите на температурата, наврнат дожд, правец на ветер. Тие   податоци преку сателит, ќе ги добиваме во нашиот компјутерски систем. Врз основа на тие параметри ќе им даваме информации на земјоделците, дали и каква болест може да се очекува и што да преземат како превентива  – рече Тони Тасков, раководител на   Агенцијата за поттикнување на  развој на земјоделието.      

Вредноста на еден  ваков подвижен инструмент  е околу  2,5 илјади евра. Тој може да се постави и во  велешко но и во општина Градско. Работи на сончева енергија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати