Од 26 до 30 декември Зимски фестивал во Младински парк

Петар Печков

Објавени содржините за Зимскиот фестивал во Велес, кој треба да донесе новогoдишна радост за велешани. Тој ќе се одвива на просторот од Младински парк, во периодот од  26-ти до 30-ти декември петок –вторник.  Мотото е  „Велес – магијата почнува дома“.

Радоста за децата треба да биде доаѓањето на Дедо Мраз, што треба да се случи недела на 28 декември во 13ч.  За нив има и Елфовско шоу сабота исто од 13 ч. Петок од 17ч. се песните од детскиот фестивал Детски ѕвончиња, веднаш потоа е настапот на Балетското студио Анабела а по нив се забава со детските јунаци Мини и Мики. Недела на пладне е детската престстава „Заспаната долина“ од 12ч.  а од 17ч. е маѓионичарско шоу. Понеделник за почеток на забавата од 17ч. е цртање на лице и игри со супер херои, а вторник од 17ч. е дружење со цртаниот јунак Стич.

За возрасните забавата овие пет дена, 26-30 декември започнува подоцна. Петок од 20,30 е ДЏ Флексифи, сабота  од 18,45 е ДЏ Попај а потоа и настапот на Нина Јанева. Недела од 18,30 е ДЏ Александар Јорданов а веднаш по него групата Ај Кју. Понедленик од 19,30 е концертот на велешанката Валерија Шојлевска,  од 21ч. е ДЏ Орбитал со огнено шоу. Вторник од 18,30 ч. ДЏ Лука Петров а по него од 20,45 Саутпарк. 

Сабота од 12ч. е настапот на детскиот хор Св. Кирил и Методиј.

Сите овие денови ќе има и базар на рачни изработки, на ракотворци од Велес. Тие исто така ќе бидат поставени во Младински парк. 

Во овој период ќе бидат отворени и ќе работат куќарките со понуда за зимска храна, греано вино и греана  ракија. 

Организатор е Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати