Од среда до понеделник Зимски фестивал во Младински парк

Петар Печков

Од среда започнува Зимската приказна „Винтерфест Велес“ која ќе се случува во Младинскиот парк.

Годинава пет дена, еден повеќе од лани, со продолжено часовно вреем на траење во однос на претходната година, од 16,30 до 22,30 часот.  Организаторот најавува прогарама за најмладите, настап на ДиЏеј,  маскоти, музика, храна, греано вино и ракија.

Среда започнува во 16,30 ч. забава со мечето Теди, од 18ч. е ДиЏеј Попај а од 21ч. е ДиЏеј Шорти. Четврток од 16,30 е цртање на лице, од 18ч. ДиЦеј Бабура јуниор  а од 21 концерт на групата Солушн. Петок од 16,30 е настап на балетското студио Анабела, од 18ч. ДиЏеј Огипсилон а од 21 концерт на Ѓоко Таневски. Сабота на пладне е концертот на Детскиот хор Св. Кирил и Методиј, од 13,30 дружење со елфовите на Дедо Мраз, од 18,30 настап на ДЏ дуото Његовски од Белград а од 21ч. е концертот на Дани Димитровска. Недела на пладне  е театарската претстава  „Лекот за Дедо Мраз“ на театар Патувалка а во 13ч. доаѓа Дедо Мраз. Вечерта од 18,30 е настапот на ДЏ Насти а од 21 концертот на Дарко Гроздановски. Понеделник  од  17,30 е настапот на Блузмејтс, 18,30 ДЏ Ири скреч  и од 21ч. концерт на групата Д Хаундс.

Сите денови ќе биде отворен и новогодишниот базар со 20 ракотворци од Велес.

Дедо Мраз oвој четврток и петок ќе дојде во сите клонови на ОЈУДГ "Димче Мирчев", а во недела, 29 декември  во 13 часот во Младински парк. Неговото патување ќе продолжи и во понеделник, кога ќе ги посети дечињата од детското одделение во ЈЗУ Општа болница, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, ОУРЦ "Маца Овчарова" и Дневниот центар за лица со попреченост.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати