Локалната власт ги бележи такси стојалиштата

Петар Печков

Локалната валст врши бележење на такси просторот во градот. На неколку локации со жолта боја е извршено хоризонталното одбележување. Завршено е кај Трговски центар во Нова населба, на ул. Благој Ѓорев, близу до кружен тек Авона, спроти Гиманзијата, пред сладолед Македонија, пред бутик Бон –Тон карши Офицерски, пред Народен Музеј и пред новиот покриен пазар. 

Останува да се одбележат уште спроти НА-МА на местото од  контејнерите за смет и на кривината за Уред, на ул. Благој Ѓорев.

По завршувањето на одбележувањето се планира заедно претставници на локалната власт , надлежната инспекција и од Сообраќајната полиција СВР Велес, да извршат превентивно потсетување на тие што се паркираат на такси стојалиштата, а не вршат такси служба, дека таму е забрането паркирање. Потоа би започнале и со репресивна активност, пишување казни.

Според последните податоци во градот Велес има околу 30-тина лиценцирани такси возачи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати