И месец мај мина а пешачките во Велес и натаму необележани

Петар Печков

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев  во март најави дека годинава до крајот на април ќе се изврши одбележување на пешачките премини во градот.  Но мина и месец  мај а од  најавената хоризонтална сообраќајна сигнализација по велешките улици ништо. 

И натаму пешаците  низ градот минат по сеќавање, оти толку се избледени пешачките. Од општината  најавуваат дека  прашање на време е кога ќе бидат одбележани.

Договорот за одбележување на хоризонталната сигнализација е веќе склучен. Избрана е фирмата која даде најповолна понуда за обезбедување на боја за оваа цел. Нарачката е направена. Согласно роковите во тендерската постапка, се очекува во наредните денови таа да пристигне.  Веднаш по пристигнувањето, доколку дозволат временските услови, ќе се пристапи кон одбележување на хоризонталната сигнализација и на пешачките премини. И оваа година активноста ќе биде реализирана со помош на екипите од ЈКП Дервен, како најисплатлива опција за општината – изјавија од Општина Велес, одговарајќи на поставеното прашање. 

Пешачките премини  лани во мај, неколку дена по одбележувањето исчезнаа од улиците.  Чадиев тоа го препиша на лошата боја која се користела и дека годинава таков случај нема да се повтори.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати