Во третата годинашна акција во велешката касарна собрани 20 крвни единици

Петар Печков

Ha крводарителска акција во гарнизонот на АРМ, Алексо Демниевски Бауман во Велес, беа собрани 20 крвни едници. Втекот на оваа година во касарната  беа планирани и успешно се одржаа вкупно три крводарителски акции.

Како вкупен резултат од сите три акции одржани во 2025 година, во велешката касарна беа собрани 71 крвна единица.

Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата.

За реализација на акцијата заеднички се погрижија Општинската организација на Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина Скопје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати