„Да ги заштитиме шумите од пожари“ и „Пламените јазици се незапирливи“ - едукација за возачите

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на наплатните станици „Отовица“, патен правец Велес – Скопје и „Сопот“ на патниот правец Скопје - Велес, реализирале  превентивно-едукативна активност за заштита од пожари на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“ и „Пламените јазици се незапирливи“. Преку непосредни разговори со возачите и патниците, беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување при патување. 

„На граѓаните им беше укажано да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема. Целта на активноста е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните“ - соопштија од МВР.

На возачите и патниците им  била укажана  потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите надлежни институции. 

Бил поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност и намалување на ризикот од пожари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати