Петар Печков
Објавено: среда, 24 декември 2025
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со лекар од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, реализираа превентивно-едукативни предавања во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”.
„На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува опасен ризик по здравјето, особено кај децата и малолетниците, бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето“ – соопштија од МВР.
Превентивната активност беше реализирана за учениците од прва година од четирите средни училишта „Јовче Тесличков“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес.
Во текот на вчерашниот ден ваква активност беше реализирана и во основните училишта.
фото МВР
