„Алијанс уан“ донираше компјутери за училиштето во село Сливник

Петар Печков

Подрачното училиште во село Сливник, кое работи во рамките на ОУ „Васил Главинов”, доби донација од девет компјутери.  Компјутерите ги донираше АД „Алајанс Уан” од Кавадарци со вредност од околу 200 илјади денари.  Ова се првите компјутери во подрачното училиште во село Сливник.

Претставникот на „Алајанс Уан” Орце  Николов истакна дека и во иднина, ќе донираат компјутери на оние училишта каде што недостасуваат.

Од подрачното училиште се заблагодарија на донацијата и велат дека стигнала во вистинско време. Во училиштето настава посетуваат 88 ученици од прво до петто одделение.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати