Членовите на МК Носачи на крстот, како Дедо Мраз ги радуваат децата од Велес со новогодишни пакетчиња (видео)

Петар Печков

Дедо Мраз на мотор ги носи новогодишните пакетчиња за децата од градинкиите. Вчера и денес, среда и четврток, беа поделни пакетчињата за сите  осум клона од детските градинки во Велес, во Караслари и  на децата од градинката во Градско.  Новогодишните пакетчиња се донација од Општина Велес а беа дистрибуирани од членовите на Мото клубот Носачи на крстот од Велес.  

По ова дводневно патување и радоста за најмладите од општината, Дедо Марз на мотор неговото патување го продолжува и во недела, кога во 13ч. во Младински парк треба да ги израдува децата присутни на оваа локација. И тие пакетчиња се од локалната власт. 

Веќе в понеделник Дедо Мраз на МК Носачи на крстот заедно со градоначалникот ќе ги посети болните деца од детското одделение од Велешка болница, потоа Дневниот центар за лица со попречености, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености и децата од ОУ Маца Овчарова.

Но членовите на МК Носачи на крастот вторник , повторно како Дедо Мраз со придружба на мотори ќе мине низ улиците на Велес и ќе дели новогодишни пакетчиња, обезбедни од членовите, на децата кои во тие моменти ќе се најдат  низ градот. Тие ќе имаат и своја донација за детското одделение од велешка болница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати