Четири проекти на Националниот конзерваторски центар на Македонија треба да се работат во Велешко

Петар Печков

Националниот конзерваторски центар (НКЦ) на Македонија ја објави програмата за работа за оваа 2025 година. Во неа се вклучени и   четири проекти кои треба да се работат во Велес и велешко. Министерсвото за култура, преку годишната програма ги прифатило понудените проекти.

НКЦ годинава треба да работат на:

Истражувачки работи за утврдување на автентичниот живопис од XIII век во наосот и олтарот и дигитална реконструкција на натписот од ктиторскиот портрет во припратата на црквата „Св.Димитрија“, Велес

Конзерваторско-реставраторски работи на иконописот од црквата „Св. Спас“, село  Ногаевци, општина Градско – (трета фаза) Елаборат за валоризација, проценка на куќа на Кочо Рацин во Велес

Непосредна заштита: Конзервација, реставрација и санација на куќа на ул. Вера Циривири Трена бр. 21 во Велес (стара адреса ул. Петар Михов бр. 3) кај велешани позната како куќата на Аликара.

Иако НКЦ има обврска да ги објави и висината на добиените средста за секој проект поединечно, тоа не е сторено.

Минатата година со истата оваа годишна програма требаше да се работи куќата на Аликара, но не беа преземени никави активности.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати