Петар Печков
Објавено: петок, 19 декември 2025
Велешки Кристал со хуманитарна акција за најранливите семејства од градот. На семејства кои се на листата на Центарот за социјални работи Велес, им биле врачени пакети со основни прехрамбени производи,поголемиот дел од палетата на Кристал. Донацијата е во духот на солидарноста и општествената одговорност, во овој празничен период,.
„Компанијата Кристал реализираше хуманитарна активност во Велес, при што беа посетени и поддржани неколку од најранливите семејства во градот. Со оваа иницијатива, Кристал уште еднаш покажа дека е компанија која не само што гради доверба преку своите производи, туку и активно се грижи за заедницата во која делува. Оваа хуманитарна акција е дел од пошироката заложба да се биде присутен таму каде што помошта е најпотребна, особено во периоди кога голем дел од граѓаните се соочуваат со социјални и економски предизвици. Преку вакви конкретни дела, Кристал испраќа силна порака дека корпоративната одговорност не е само збор, туку континуирана практика. Истовремено, ваквите примери претставуваат поттик и за другите компании и поединци да се вклучат и да дадат свој придонес во градењето посолидарно општество. Кристал останува посветен на вредностите кои ги негува повеќе од еден век – грижа, одговорност и човечност, со јасна цел: да се помогне таму каде што е најпотребно и да се остави позитивна трага во заедницата“ – кажа Елена Лазова маркетинг менаџер во компанијата „Кристал 1923“ .
фото Кристал 1923
