ФК Форца нова нов општински првак во фудбал

Петар Печков

ФК Форца нова е нов општински првак во фудбал и од есен ќе игра во Третата лига Југ. Тие во последното коло на Општинската фудбалска лига, со уверливи 2:7 славеа над ФК Согле и се први на табелата по 12 кола.  Во ова коло постигнати се следните резултати

ФК Согле – ФК Форца нова               2:7
ФК Младост – ФК Раштани                3:1
ФК Гoрски – ФК Локомотива             1:5
Слободна беше екипата на ФК Врановци 
                 
                                 Т  А  Б  Е  Л  А 
1. ФК ФОРЦА НОВА      12   9   1  2    39:15    28
2. ФК. МЛАДОСТ           12   9  0   3    38:23    27
3. ФК ВРАНОВЦИ          12   7  2    3  26:16     23
4. ФК ЛОКОМОТИВА      12   7  0   5    25:23    21
5. ФК СОГЛЕ                 12   3  2   7    15:30    11
6. ФК ГОРСКИ               12   2  1   9    18:34       7
7. ФК РАШТАНИ            12   1  2   9    11:31       5



Ќе биде запишано дека Тони Тонев, фудбалер на ФК Горски со 58 години, како највозрасен фудбалер во Општинската фудбалска лига постигна гол  на средбата со ФК Локомотива од Градско.

Останува да се одигра финалето на Општинскиот фудбалски Куп закажано за сабота 9 мај во 16ч. на Градски. Играат ФК Младост – ФК Согле. 

Во Третата фудбалска лига Југ се одигра 24-тото коло, во кое лидерот КФ Борец беше слободен исто како и ФК Башкими од Горно Јаболчиште. ФК Превалец дома водеше со 2:0 над четвртопласираниот ФК Ултрас од Прилеп, кој допатувал со мал број фудбалери и по 15 минута, главниот судија отсвирел крај. Па средбата ќе биде регистрира со 3:0.  Во претходното коло ФК Превалец загуби со службени 3:0 во Долни Дисан неготинско оти отпатуваа со осум фудбалери, недоволен број играчи. И ФК Борец минатото коло водеше со 5:0 по 25 минути игра па гостите поради недоволниот број играчи, судијата предвреме го заврши натпреварот.  Ова коло ФК Тополка на гостувањето во прилепско Кривогаштани загуби од ФК Младост со 3:0

Во следното коло локално дерби во Чашка,  ФК Башкими – ФК Превалец, ФК Борец го пречекува ФК Младост од прилепско Кривогаштани,  ФК Тополка игра дома со ФК Бучим од крушевски Пресил.

фото ФБ  ФК Форца нова 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати