Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 декември 2025
Фудбалерите на ФК Превалец се есенски прваци на третата лига Југ. Тие врвот го делат со ФК Борец, имаат по 31 бод а превалчани подобра гол разлика +41 додека „борците +35.
Во последното 13 есенско коло коло ФК Превалец победи до 1:8 над последно пласираниот ФК Дреново во кавадаречеко Возарци. Натпреварот бил прекинат во 70 минута бидејќи домаќините останале со помал број на фудбалери од дозволените, па судијата отсвирел предвреме крај. Бидејќи се одиграле повеќе од две третини од натпреварот, тој се регистрира со постигнатиот резултат 1:8. Според ФК Превалец во 35 минута неколку домашни фудбалери ги нападнале гостите, по што судијата исклучил тројца оддомашните. Според СВР Велес во 13:45ч. на натпераврот помеѓу ФК Дреново и ФК Превалец настапала тепачка помеѓу двајца домашни фудбалери и еден гостински, но делегатот не побарал полициска интервениција, па средбата продолжила.
ФК Борец дома победи со 4:0 над екипата на ФК Бучим од истоиментото крушевско село, кој е 7-мо пласиран. Победа по подолго верме и тоа само втора за екипата на ФК Башкими од 2:0 над крушевски ФК Питу Гули, кој е петто пласиран. Со оваа победа екипата на Горно Јаболчиште остана на 11-тото место но има 12 бода. ФК Тополка никако да ги израдува нејзините симпатизери, нов пораз од 0:3, овој пат дома од ФК Росоман кој е трет на табелата. Помладиот лигаш од Превалец, ФК Тополка е претпоследна 12 со 8 бода.
Лигата брои 13 екипи, бидејќи ФК Слога непосредно пред почетокот на средбата се откажа од натпреварите. Првенството продолжува напролет.
