ФК Борец со пехарот за првак на Третата фудбалска лига Југ

Петар Печков

На едно коло пред крајот, на домашен терен, велешки ФК Борец го доби пехарот за прво место во Третата фудбалска лига Југ. Тој беше врачен од претседателот на Трата лига ЈУГ - Сашко Тасев, за капитенот на ФК Борец Милан Чичевски.  Но првото место не води директно во Втора лига, туку има квалификации- бараж. Противникот и терминот ќе бидат дополнително познати.

Во ова коло ФК Борец славенички победи со 7:0 над ФК Младост од прилепско Кривогаштани, тим кој е 10-ти на табелата. Во локалното дерби во Чашка, мирољубиво нерешено 1:1 одиграа ФК Башкими и ФК Превалец. И ФК Тополка одигра реми 3:3 со соседот од дното на табелата ФК Бучим од Пресил крушевско. 

По претпоследно 25 коло ФК Борец е прв со 59 бода, ФК Превалец е втор со 53, ФК Башкими е 6-ти со 32 а ФК Тополка е последна 12-та со 18 бода. 

Во следното последно коло ФК Борец гостува во крушевско Пресил кај ФК Бучим, ФК Башкими гостува во Крушево кај ФК Питу Гули кој е 5-ти а ФК Тополка гостува во Росоман кај истоимениот противник, кој е 7-ми на табелата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати