Петар Печков
Објавено: сабота, 30 мај 2026
Пораз за велешки ФК Борец во бараж натпреварот за пополнување на Втора лига. Играа во Кочани на стадионот Никола Мантов со ФК Кожуф кој беше деветто пласиран во Втората лига. Резултатот е убедлив пораз за ФК Борец со 4:0, полувреме 2:0. Со ова клубот и следната сезона ќе игра во Трата лига Југ, каде оваа сезона 2025/26 беше првак.
Во двата останати баражи ФК Еуромилк првак на Трета лига Север победи над ФК Каменица САСА член на Втората лига, го освои 11 место. Во третиот бараж ФК Камењане, првак на Трета лига Запад победи со 2:0 над првакот на Трета лига Исток, ФК Победа од Валандово. Четвртито бараж се игра недела и играат ФК Тетекс десетто пласиран во Втора лига и ФК Влазними од Струга победник на Трета лига Југозапад.
