Уапсено лице за отслужување казна затвор за сторена сообраќајка

Петар Печков

Велешката полиција уапсила лице кое требало да оди отслужување казна затвор, за сторена сообраќајка. Деталите од информацијата  на СВР Велес.

„На 5 ноември во 13:20 часот полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Г.(41 год) од Велес. Тој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од 3 години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено поправна установа- затвор Идризово за издржување на казната“ – информираше Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати