Уапсено е лица за кое сведоци велат подметнал пожар

Петар Печков

Вчеравечер, четврток, било  пријавено лице  откако е забалежано како пали сува трева, во околината на Горно Оризари. Пожарот бил локализиран,  лицето уапсено од полицијата. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 21.08.2025 во 20:20 часот во  Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46 год) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати