Петар Печков
Објавено: петок, 13 јуни 2025
Претставата „Рацин“ на велешки театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот доби три награди на МТФ Војдан Чернодирнски – Прилеп, објави жири комисијата на денешната прес конференција. • Наградите ги добија, за најдобра кореографија и сценски движења на Васил Зафирчев, за најдобра сценографија на Валентин Светозарев, награда за најдобра авторска музика на Сашко Костов. Претставата „Рацин“, е во режија на Дејан Пројковски а драматург е Сашо Димоски.
Жири-комисијата на 59. издание на МТФ Војдан Чернодрински беше, во состав Лилија Абаџиева – претседател, Иван Меденица – член и Нела Оташевиќ.
Публиката претставата „Рацин“ ќе може да ја види на 17 јуни, вторник со почеток од 20 часот со што ќе завршат годинашните 62. „Рацинови средби“.
Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за најдобра претстава, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски. Наградата за режија се доделува на Ќендрим Ријани за претставата „Слепци“ во изведба на Турски театар – Скопје, наградата за современа сценска драматизација и адаптација ја доби на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на Народен театар Битола, а наградата за современ драмски текст ја доби Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на Драмски театар Скопје. Наградата за главна женска улога се доделува на Марија Минчева-Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на Театарот од Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, а наградата за главна машка улога ја доби Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“.