Трет случај за три дена, на управување автомобил со прекумерна брзина во Велешко

Петар Печков

Трет случај за три дена за управување на автомобил  со прекумерна брзина. Овој пат штипјанец кој управувал возило со брзина од 143 км/ч близу крстосницата за село Иванковци. Во овој случај полицијата соопшти дека ќе поднесе кривична пријава, за разлика од претходните два случаи, кога немаше податок каква пријава ќе поднесе.

„На 16.11.2025 во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45 год) од Штип. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Тој бил приведен во полициска станица, известен  јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 16 ноември  во 06:45 часот нкај месноста Шорка, Т.М.(40 год) од Велес. управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час.  На 14 ноември во 08:12 часот нна истата локација -Шорка Велес,  С.Ј.(24 год ) од Велес управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место. На оваа локација  максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час

Поврзани »

Вардар надоаѓа во Велес

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати