Тинејџер на мотор бегал пред полиција, паднал па го нападнал сообраќаецот

Петар Печков

Тинејџер, не сопрел на сообраќајната полиција, бегал, паднал па физички нападал полицаец кој го гонел. Ова се случувало вчера вечра  на сообраќајницата пред „Коше“, пред бројнтеи минувачи кои во тој перидо биле на прошетка. Деталите од билтенот на СВР Велес.

„На 10.09.2025 во 19:40 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ж.Т.(18 год) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници дале знак за запирање на мопед без регистарски ознаки, кој го управувал, но тој не застанал и се обидел да побегне, при што изгубил контрола и паднал на коловозот. Откако полициските службеници пристигнале на местото на несреќата, тој физички нападнал полициски службеник“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВРФ Велес. 

Ж.Т. бил  приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати