Стефановски вицешампион, Спасиќ трет во кајак на диви води

Петар Печков

Изминатиот викенд на патеката Матка, на реката Треска се одржа Државното првенство за кајак –спуст  на диви води, во сениорска конкуренција.

Велешани има забележителни пласмани. Игор Стефановски од  ККК Вардар од Велес беше втор а Љубиша Спасиќ од ККК Гемиџии трет во К-1 додека државен првак стана Атанас Николовски од Илинден.

Во 3хК-1 втора беше првата екипа на Бабуна во состав Николовски, Златаров и Велков. Во Ц-1 прв беше Роберт Папазов пред Дамјановски и двајцата од ККК Бабуна.

На ова првенство најмногу успех во клупска конкуренција имаше екипата на Бабуна, пред Илинден од Скопје и Вардар од Велес. Севкупно за оваа 2014-та година во сите конкуренции, пионери, јуниори, младинци и сениори најмногу успех имаше ККК Вардар од Велес.

 Се одржа и Државното првенство за јуниори. Победи Енис Небиоски од ККК Вардар од Велес, трет беше велешанецот Александр Златаров кој вози за скопски Илинден.  Во оваа конкуренција во 3хК-1 екипата на Вардар од Велес го освои второто место.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати