Стаса астрономски зимата, недела во 16,03ч. пред нас најдолгата ноќ

Петар Печков

Денес, недела во 16:03 часот дојде астрономски зимата, на Северната хемисфера, на Јужната дојде летото. Зимата ќе трае до 20 март 2026 година  во 15:33 ч.. 

Денес беше најкраткиот ден  од 9 часа и 9 минути, сонцето изгреа 6:57 (ама не го видовме од магла)  зајде во 16:06 и тоа не го видовме од магла. Ноќеска е најдолгата ноќ 14ч. и 51 минута . Веќе од утре денот ќе почне да се зголемува а ноќта да се намалува. 

Временска прогноза за зимата 2025/2026 година, според УХМР.

Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.

Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари, истакнуваат од УХМР.

Сезонскиот изглед за тeмпературите на воздухот во период декември 2025 - јануари 2026 - февруари 2026 со поголема веројатност покажува надпросечни вредности на целата територија, а најголемото отстапување се очекува да биде во северниот дел.

Почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.

Оттаму посочуваат дека повеќегодишната просечна температура за зимата (декември-јануари-февруари) се движи од -1,5°C измерена на метеоролошката станица. 

фото архива Велес 12.01.2025

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати