Спасени мигранти кои барале помош затворени во камион

Петар Печков

На паркинг од бензиска пумпа, близу Велес, мигранти затворени во камион, барале помош. Проверката покажала дека немало кривично дело, па возачот бил ослободен. Деталите од инфорамцијата на СВР Велес.

„На 27.06.2025 во 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека од товарно возило „даф“ со бугарски национални ознаки, паркирано на паркинг простор во склоп на бензинска пумпа на автопатот Велес-Градско, се слушале гласови за помош. По доаѓање на полициски службеници од СВР Велес, скината е пломбата од приколката на возилото, од каде биле изнесени шест лица- мигранти од Египет, а на лице место им е пружена помош од Итна медицинска помош Велес.  По извршените проверки било утврдено дека возилото било управувано од Д.Н.(41) од Охрид, со кој бил извршен службен разговор и утврдено е дека нема елементи на кривично дело“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар  Винојуг во Гевгелија.

фото интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати