Со победа ЖФК Борец го започна првенството на Втората лига

Петар Печков

Започна првенството во Втората фудбалска лига жени. На гостувањето во Валандово, ЖФК Борец  против ФК Победа победи, со која имаат по ист број бодови, по 4, со 4:7 .  За велешанки  хет-трик постигна Мери Трајковска. Во следното коло дома играат со составот на ЖФК Билјанини извори, кој е 6 пласиран со 6 бода. ЖФК Борец е петти  со 7 бода. Во оваа конкуренција се натпреваруваат осум екипи.

Во  Третата лига, се одигра второто пролетно коло. Победи забележаа двете екипи од ОФС Велес, ФК Борец и ФК Локомотива а ФК Превалец е поразен дома.  На Градски ФК Борец победи со 3:0 (2:0) против ФК Слога од  прилепско Лажани која  беше на седмото место. ФК Локомотива победи дома во Градско, во  соседското дерби  и по табела и по близина на двете места, против ФК Марена од кавадаречко со 3:2. (Не)очекувано ФК Превалец дома загуби со 1:3 од ФК Питу Гули од Крушево, кој беше шесто пласиран а домаќинот е трет на табелата. По ова коло ФК Борец е прв, ФК Превалец падна за едно место и е четврти а ФК Локомотива е 10-та со 10 бодови. Лигата бори 11 екипи и испаѓа само последниот.  Во наредното 14 коло, дербито се игра во Росоман, каде домаќинот кој е трет, ја пречекува  екипата на ФК Борец, ФК Превалец гостува на деветто пласираниот   ФК Марена а ФК Локомотива гостува на последно пласираниот ФК Бучим од истоименото крушевско село.

 фото ФБ/ ФК Локомотива Градско

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати