Со музејска поставка во велешки музеј се претставени дела на врвни македонски автори и современата уметност

Петар Печков

Музејската поставка на Одделението за историја на уметноста претставува 25 дела  кои се извадени од музејските депоа на Народен музеј Велес. Тоа е простор каде се среќаваат врвни македонски автори и современата уметност. Тие се поставени пред јавноста, во објектот на институцијата. Преку сликарството и скулптурата се  раскажуваат духот на времето. Делата се во сопственост на Народен музеј, освен едно, и се откупени или подарени. 

„Изложените дела претставуваат внимателно селектиран пресек од развојот на македонската ликовна уметност. Поставката е авторско дело на Елица Николова –кустос советник во велешки музеј, која сега е во пензија.   Поставените депоа цртежи и скулптури , хронолошки го следат развојот на уметничките тенденции од крајот на 19 до 80-тите години на 20 век. Поставката започнува со дела од профаното сликарство во Македонија, портретите на Ристо Копанданов и Димитрија Аџи Манче дела на Ѓорѓи Зографски“ – кажа Александра Гиовска, кустос за историја на уметноста. 

Изложени се и „Пренос на ранетите војници“ од Никола Мартиноски,  „Цвеќе“ на Ана Темкова, „Очекувањата на ослепените Самоилови војници“ дело на првиот македонски академски слиакр –велешанецот Ангел Петров.  Има дело и на Миле Корубин, Васко Ташковски, Спасе Куновски. Од скулптурите присутни се дела  изработени во дрво и мермер, на Васил Василев, Боро Митриќевски, Драган Поповски Дада.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Прво авионско третирање против комарци што ќе се изврши на 15.06.2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Ве замолувам соопштението да се емитува на вашите медиуми во периодот од 12.06.2026 (петок) до 14.06.2026 година (недела). Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати