Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јули 2025
Со концертот на Мики Секуловски, велешката поп –рок икона, петок вечер ќе започне Велешкото лето. Концертот е закажан за 21 часот, во Амфитеатарот од Младинскиот парк. Со тоа започнува манифестацијата која за 52 дена ќе понуди 35 настани, најави организаторот. И тоа на различни локации од градот. Сите настани ќе бидат достапни за сите, без влезници, бесплатни.
„И годинава ќе имаме многу настани, кои ќе се одвиваат на различни локации. Ќе се обидеме да задоволиме сечиј, вкус и повеќе генерации. Има две детски претстави, кино на отворено, концерти на велешки музичари, но и на имиња од други градови. Велешката чалгија ќе настапи на Којник, составот на пензионерите ќе настапи со лицата со попреченост, ќе има возбудувања за мото љубителите, стрип уметноста“ – кажа Александра Иванова, од локалната власт, одговорна за Велешко лето.
Настаните ќе се одвиваат во Градскиот парк, на платото пред Спомен Костурница, Младински парк, паркот кај Ликовен салон.
Настап ќе има Балканскиот стенд ап артист Пеѓа Бајовиќ, кој зад себе има 20 годишна кариера. Концерт ќе има позната македонска рок група, која има долгогодишна кариера. Ќе има три циклуси по два дена со филмска програма. Понеделник и вторник во Градски парк ќе се прикажуваат актуелниот светски филмски хит Мајнкрафт и првиот македонски анимиран филм Јон Вардар против Галаксијата.
„Имаше ограмен интерес за учество на Велешко лето. Се заблагодарувам за интересот, уште пристугнуваат пријави, но програмата е затворена“ – рече Иванова.
Содржините ќе се објавуваат на социјалните мрежи на Општина Велес, седмично.