Со благовремена интервенција во велешка болница, спасен живот на италијански државјанин

Петар Печков

Во вторникот попладне, во велешка болница е спасен живот на италијански државјанин, кај кој се јавиле ненадејни сериозни здравсетвни проблеми, дознава ТрМр.

Лицето на 57 годишна возраст, ловџија кој престојувал во градов, критичното попладне му се јавиле болки во сомакот. Бил примен на Интерно одделение, од каде е препратен на хирургија. Претрагите покажале дека има дивертикули на дебело црево, која пукнала и дел од течноста се разлела во стонмачната празнина.

Лицето почнало да губи свест, било реанимирано, вратено во живот и веднаш пренесено на торакална во Скопје. Тму подоцна му била извршена операција, по која ден и половина подоцна успешно заздравувал.

Во текот на престојот во болницата во Велес, надлежните биле во контакт со амбасадата на Италија, од каде подоцна стигнале пофалби и благодарност  за интервенцијата и спасениот живот на италијанскиот државјанин.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати