Сообраќајна контрола на мопеди, моторцикли, трицикли и четирицикли во Велес

Петар Печков

Неделата попладне од 17 до 22 часот,  Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При оваа контрола биле констатирани  повеќе прекршоци. Одговорот на поставеното прашање од ТрМр е следен:

„Во рамки на акциската контрола насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, на територија на Општина Велес биле контролирани вкупно 21 возач, при што биле констатирани шест прекршоци и едно кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување на моторно возило“. Од шесте констатирани сообраќајни прекршоци, пет се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем и едно за управување возило под дејство на алкохол“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес. 


МВР објави дека  од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата на возачи на електрични тротинети, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци. На подрачјето на СВР Велес за 73 дена биле регистирани 73 прекршоци, или секој ден по еден. Најмногу прекршоци од лицага кои управуваат тротинет има во Битола 443. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати