Сообраќајка со едно починато лице, второто млад возач минал со лесни повреди и е пуштен дома

Петар Печков

Сообраќајка, судар на два автомобили, попладнево, близу исклучокот за село Иванковци. Еден учесник е починат, вториот минал со лесни повреди.

„Денеска 12 октомври  околу 14:25 часот е пријавено дека на експресен пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72 год) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки управувано од М.Ј.(18 год) од Струмица“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото ,,пасат“ , а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф" се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. 

„По добиен повик, заминавме на местото на сообраќајката, во која имаше учесници две лица, возачи во двата автомобили. Едниото лице кога пристигнавме беше починато, без знаци на живот а второто помладото беше транспортирано во ургентен центар во велешка болнциа, откако му беше дадена неопходна лекарска нега “ – кажа д-р Елена Најдовска од службата за Итна помош, која била на лице место.

„Попладневните часови е примен пациоент, младо лице, кај кое по извршени снимања, констатирани се лесни повреди и тоа е пуштено на домашна нега“ – кажа д-р Ванчо Граматов, хирург од велешка болница. 

Увид извршил јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес.

Сообраќајот на оваа делница бил во прекин четири часа од 14,25 до 18,30 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати