Создадена веб апликација каде граѓаните можат да ги пријавуваат проблемите од живеењето

Петар Печков

Велешанецот Марио Хаџи Петрушев создаде техничка можност, граѓаните да ги пријавуваат нивните проблеми до надлежните локални и државни институции со помош на компјутерската технологија. Тој го создаде порталот prijavi.mk  каде може да се пријават проблемите. Ова е негова дипломска работа, создадена по Естонски терк, тамошен модел на дигитализација.

„Страната обработува граѓански пријави и менаџирање на проекти кои ги работи општината. За да биде функционална во целост треба да биде прифатена од институциите. Пријавите од граѓаните  преку електронска пошта стигнуваат до институциите., таа треба да им помогне за да создадат база кој се проблемите со кои се судруваат граѓаните но и за нивно системско решавање   а имаат директно влијание врз животот на граѓаните. Апликациjaта овозможува да се следи пријавата од моментот на преземање, кој службеник ја работи па се до нејзиното решавање.  Може да се користи и од локалните власти и од ЈП, министерствата. Ова е нешто налик на Мој термин од здравството, имаат слична структура на функционирање“ – вели Хаџи Петрушев.  

Кога граѓанинот пријавува проблем, апликацијата го испраќа до надлежната служба, институција. Го добива раководителот  кој ја проследува до надлежен службеник да ја стави во обработка.  За ова е потребно и институциите да  ја имплементираат.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати