Петар Печков
Објавено: вторник, 22 април 2025
Coветот на Општина Велес донесе одлука да се издвојат 500.000 денари за помош на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Одлуката е донесена едноголасно од сите присутни советници, на денешната 63 седница.
„Општина Велес одвои определен износ од Буџетот на Општина Велес за 2025 одина на име еднократна парична помош за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани. Финансиска помош ќе биде уплатена на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес“ – пишува во одлуката.
Во пожарот во дискотеката на 16 март починаа 62 млади лица а околу 200 беа повредени, некои потешко, некои полесно.