Словенката Намита Субиото добитник на Почесното Рациново признание за ширење на македонската култура и литература во странсство

Петар Печков

На 62 Рацинови средби се врачи Почесното Рациново признание, за проф. др. Намита Субиото за  ширење на македонската литература и култура во странство, во нејзиниот случај во Словенија. Таа е вонреден професор по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Од 2004 г. ја води Катедрата за македонски јазик и книжевност на Одделот за славистика. 

„Почестена сум што мојата работа беше препознаена како достојна за толку реномирано признание. Таа го носи името на главниот виновник за љубовта кон македонскиот збор, Рацин. Признанието ќе најде посебно место и поради самото значење на Рацин,  настанот има долга традиција, годинава се одбележуваат 62 години на манифестацијата,  го чувствувам како една од најзначајните награди  за мене“ – рече Субиото. 

Таа студирала јужнословенски јазици, имала многу добар професор по македонски јазик, Драги Стефанија.  Тој и кажал за Рацин, и ја открил неговата поезија, така почнува нејзината љубов кон македонскиот збор.  Субиото е истакната македонист, која три  децении го афирмира македонскиот јазик, култура, литература на угледниот Универзитет во Љубљана, кој е расадник на македонистиката.

Значајна е нејзината работа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Подрачјето на нејзиниот  научен интерес се современата македонска книжевност, македонско-словенечките културни врски и книжевниот превод. Наградената ја води Катедрата за македонски јазик и книжевност на Одделот за славистика, при Љубљанскито Универзитет.

„Ние сме најстарата македонистика во светот, надвор од Македонија со 63 години постоење. Цело време постои интерес за изучување на македонскиот јазик, литература и култура. Не е масовен, имаме добри студенти,  преведувачи. Се надевам ќе продолжи така и натаму“ – додаде Субиото. 

Се  одржа и  меѓународен поетски митинг  со учество на  15 поети од Србија, Бугарија, Албанија, Маекдонија  во амфитеатарот во Младински парк. Потоа концерт одржа  Васил Хаџиманов бенд. Манифестацијата завршува со изведба на претставата „Рацин“ вторник вечер на сцената на велешки театар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати