Симболично одбележан Водици, група млади влегоа во реката

Петар Печков

Годинава поради ковид заразата го немаше традиционалното фрлање на крстот во водите на реката Вардар во Велес. Но затоа група млади момчиња, Дејан Петрушев, Орце Весов и  Ане Мирчевски, симболично влегоа во водите на реката Вардар за да го одбележат овој ден, Богојавление.   Иако од страна на МПЦ-ОА не се фрлаше крстот, оваа група самоиницијативно го одбележа денот Водици.

Не смееме поради пандемијава да се откажеме од нашите традиции, вредности и од нашата православна вера. Затоа со ова влегување во река Вардар симболично го одбележавме Водици - кажа Орце Весов.

Оваа група лани го фати крстот од водите на река Вардар во Велес.

Годинава  осветувањето на водите во велешко  се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде  во понеделникот навечер се отслужи Вечерна со Василиева Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници Митрополитот Повардарски  Владиката Агатангел ја освети водата за здравје и спасение на верниците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати