Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2025
Цената на такси превозот во Велес се покачи. По барање на такси превозниците регистрирани од територијата на Општина Велес, со мнозинство гласови 15 ЗА и три воздржани, Советот на Општина Велес го усвои барањето. Одлуката треба да излезе во Службен Гласник на Општина Велес, службени весник на локално ниво.
Со оваа одлука цените се следни:
Тарифа од 05:00 до 23:00 часот:
1. Почетна цена (старт и вклучен 1 километар) до 70 денари
2. Цена по изминат километар до 30 денари
3. Чекање во времетраење од 1 минута 5 денари
Тарифа од 23 :00 до 05:00 часот
1. Почетна цена (старт и вклучен 1 километар) до 70 денари
2. Цена по изминат километар до 35 денари
3. Чекање во времетраење од 1 минута до 5 денари
Последното покачување на цената на такси превзот во Велес беше 2019 година.
Барањето за нови повсиоки ценит таксистите го обазложија со „значителни економски и
пазарни промени кои директно влијаат врз трошоците за вршење на такси
дејноста“
- Значително зголемување на цените на горивата,
- Пораст на трошоците за одржување и сервисирање на возилата,
- Зголемување на цените на резервните делови,
- Зголемување на трошоците за регистрација, осигурување и други
законски давачки,
- Зголемени трошоци за работна сила и придонеси
- Општа инфлација и пораст на животните трошоци.
Членот на Советот Јованче Манасков побара да се контролираат и услугите што ги даваат тасистите: хигиента, бојата на возилото, истакната лиценца фер за легалните и справување со нелегалните, издавање на фискална сметка, однесувањето на возачите и дрес кодот-облекувањето, обезбедување место за паркирање за легалните таксисти.
Цената на билетот за градски превоз е 35 денари.
