Сечата на шумата а кај Сујаклари е легална

Петар Печков

Државниот инспекторат за шумарство и ловство ги отфрла реакциите за сечата на дрвјата во околината на велешкото село Сујаклари. Нивната документација и согледувања за посочената шума биле дека истата е деградирана. Ова доаѓа откако ЕД Вила Зора, по реакциите на жителите на село Сујаклари, алармираше дека се сече млада шума.

Посеченото место за сеча на „млади шуми“, според ЕД „Вила Зора“ Велес,  во атарот на село Сујаклари, велешко, спаѓа во состав на уредено шумско земјиште во шумско -стопанска единица „Црн Врв- Градиште“, за кој согласно одредбите од Закон за шумите има донесено Посебен план за стопанисување со шумите за шуми за шумско стопанска единица, за период на важност 2019-2028 година.

Оддел/пододдел 39/а во шумско- стопанска единица „Црн Врв- Градиште“, за кој е реакцијата,  е стопанска шума, спаѓа во стопанска класа „Л“, за кој се планира „чиста сеча“ според споменатиот Посебен план.
    
Одделот/пододделот 39/а во шумско- стопанска единица „Црн Врв- Градиште“, е чист ниско стеблест насад од даб благун, со единечна застапеност на даб плоскач, бел, габер, јасен и други дрвенести растителни видови.  Стеблата се неполнодрвни со слаб квалитет на деблата, слаб квалитет на круни и се слабо витални, со среден дијаметар од 12 см и средна висина од 10м, со бонитет на место растење  V. Што значи дека не се работи за млад насад, туку се работи за нискостеблест едновозрасен неквалитетен насад, и без генеративна- семена обнова.

Согласно одредбите на Закон за шуми, во шумско- стопанска единица „Црн Врв -Градиште“, е извршено површинска ознака за сеча, која е прегледана од државен инспектор од областа на шумарство. Во истиот оддел/пододдел сеча имаат вршено граѓаните за обезбедување на сопствени потреби што е во целост согласно одредбите од Закон за шумите.

Сечењето на шумскиот насад во оддел/пододдел 39/а во шумско- стопанска единица „Црн Врв-Градиште“ во целост се согласно одредбите од Закон за шумите, и наодите на Еколошкото Друштво „Вила Зора“-Велес и се беспредметни, пишува во писмениот допис од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, потпишан од директорот Ејуп Јаја.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати