И по еден месец од поморот на риба на Тополка, нема информација за сторителот

Петар Печков

Ниту по безмалку еден месец од големиот помор на риба во реката Тополка, нема информација за можниот сторител. Институциите без одговор на дилемата во јавноста, кој е сторителот. Уште на лице место, при вршењето на увидот, државниот инспектор за животна средина посочи, адресираше сите информации за овој случај,  да се бараат од Јавното обвинителство Велес. На поставеното прашање до ОЈО Велес, стаса одговор, но без детали за можен сторител.

„Во однос на настанот, постапката е во тек. Изготвен е записник од Инспекторатот за животна средина, а издадена е наредба за соодветни анализи од Факултетот за ветеринарна медицина по која се постапува“ – соопштија од ОЈО Велес. 

На лице место на поморот на рибите на реката Тоополка, имаше претставници од Агенцијата за храна, надлежна лабараторија зема мостри од реката, од две локации. Инцидентот се случи на 19 јули а поморот бил регистиран рано утрото од рибари, во близина на локацијата на Затворот, кај Оризари. Еко активистите реагираат на вавкиот систем на објава на инфомрациите за можните сторители, кој досега не беше вака поставен.

„Одложување, незаинтерсираност, бирократски лавиринти ја оставаат животната среди како жртва а граѓаните како неми сведоци на сопственото труење. Наназад 8-9 месеци активно информираме, алармираме, де за уништувањето на Езерото Младост, де за Вардар, Бабуна. Еве сега за поморот во Тополка, каде не видовме конкретна постапка со конкретно решение или казнување на сторителот на загадувањето. Се се сведува на празни фрази, караванот си врви...“ – вели Стеве Дечев еко активист од Фондацијата „Импакт“.  

Од ОЈО Велес информираа дека за ланскиот сторител на поморот на риба во реката Вардар, кое се случи на 28 јули, донесено е  Решение дека не се презема кривично гонење, бидејќи осомничениот ја надоместил причинетата штета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Државниот инспекторат за животна средина тогаш соопшти дека „хаваријата  се случила кога течното ѓубриво  без дозвола скалдирано во  лагуна, за која немало дозвола, истекло во соседните парцели и во реката Вардар.

Согласно Законот за животна средина, за овој прекршок од трета категорија е предвидена санкција од 110 до 120 илјади евра“. Сторителот ВАРДАР БИО ПРОЦЕС  во преговори, медијација со Министеството за животна средина, што е во согласност на законската регулатива, платил казна од 18.000 евра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати