Петар Печков
Објавено: петок, 14 ноември 2025
Cе одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Општина Чашка со мандат 2025-2029 година. Беа верифицирани мандатите на следните Членови на совет: Семир Зеќиров, Арта Мифтари, Ибраим Исмаилоски, Зејнепе Бејлурова, Јетмир Идризов, Фадил Јашари сите од коалиција НАИ, предводена од ДУИ, Трајче Мишкоски, Весна Темелковска, Виктор Маневски сите од коалиција Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фадил Тафоски, Биљана Петровска двајцата од коалиција за Локални избори 2025, предводена од СДСМ).
Ново избраните членови дадоа свечена заклетва. За Претседател на Советот избран е Семир Зеќиров од коалиција НАИ, предводена од ДУИ. Новиот претседател е избран со 6 глазови ЗА и пет воздржани.
На конститутивната седница на Советот присуствуваше и им го честита мандатот новоизбраниот Градоначалник Суат Шаќиров од коалиција НАИ, предводена од ДУИ.
