Секој советник може да му постави до пет прашања на градоначалникот како советничко прашање

Петар Печков

Пет наместо предвидените три советнички прашање, ќе може да постави секој советник до градоначалникот. Ова е предвидено со новиот Деловник кој беше донесен на седница ан Советот на Општина Велес. Со тоа што се предвидува и времетраењето на петте поставени прашања да биде пет минути.

Со Нацрт Деловникот беше предвидено секој советник да може да поставува до три прашања а нивното времетраење да биде 10 минути. Амандман поднесе Јованче Манасков од СДСМ, со кој предлагаше пет прашања за пет минути. Ова ги прифати градоначалникот Марко Колев, советниците го изгласаа едногласно. 

Новиот Деловник за работата на Советот на Општина Велес се донесе поради потребата од негова промена, бидејќи досегашниот беше од пред 20 години, период во кој се изменија многу законски прописи, услови и начин на работа.

Советнички прашања на седница се поставувваат еднаш месечно. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати