СВР Велес доби 12 нови полициски службени возила

Петар Печков

Во СВР Велес пристигнаа 12 нови службени возила, што за потребите на македонската полиција ги обезбеди Министерството за внатрешни работи. Тие се од марката „пежо“. 

„Возилата ќе придонесат за поефикасно извршување на службените задачи и побрза интервенција и мобилност на полициските службеници. Новите возила се со современи технолошки карактеристики и се дел од заложбата на Министерството за внатрешни работи за подобрување на условите за работа“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Автомобилите се за ПС Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. МВР набави 120 нови возила а 12 од нив се за СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати