Роботи во УЗУС

Петар Печков

Роботи започнаа да им помагаат  во наставата на учениците од СОУ Коле Неделковски  од Велес, кои ги  користат  како  дел од практичната работа  и така прв пат нагледно  да ги видат нивните системи,  сензори и  погонскиот дел.  Учениците на часовите ќе можат да ги склопуваат и да ги програмираат, со цел  роботите да извршуваат различни функции и задачи.

Тие се наменети  за  учениците од трета и четврта година од машинската и електро струката,    и  се добиени во соработка со ПЕП проектот. Изработени се  на принцип на лего системот, со кој може да се формираат  различни видови конструкции  и секој има своја процесорска единица која се програмира со соодветен софтвер. Освен во Велес вакви роботи за прв пат добија и  четири други  средни училишта во Македонија во Скопје, Гостивар, Тетово и Кочани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати