Рефлекторите и пумпите за фонтаната во Младински украдени, па крадецот упасен

Петар Печков

Украдени рефлекторите и пумпите кои биле наменски за фонтаната во Младински. Сторителот за кратко бил упасен од полицијата, предметите пронајдени кај него и вратени на ЈКП Дервен. Тие најавуваат дека за бргу истите ќе бидат поставени и фонтаната ќе проработи.

„Рефлекторите на фонтаната во Младинскиот парк кои деновиве беа поставени како дел од работните активности за обнова на осветлувањето и пумпите на фонтаната беа цел на кражба. ЈКП Дервен во текот на утрешниот ден повторно ќе ги постави рефлекторите на фонтаната“ – соопштија од ЈКП Дервен.

„На 26.06.2025 во 18.00 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со О.С.(22 год) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на остар предмет одзел рефлектори со кабли, сопственост на Општина Велес, кои што биле поставени во фонтаната во Младински парк Велес. Предметите се пронајдени кај О.С., по што биле вратени на сопственикот“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати