Рекордна пита пастрмалија во Велес (фото)

Петар Печков

   На 12-тата Велешка Питијада, нов рекорд во големина на подготвена пита пастрмалија.    Велешките мајстори подготвија рекордна пита тешка околу 50 килограми. Таа е долга 3,5 а широка еден  метар.

Со ова е срушен минатогодишниот рекорд, во големина на подготвена пита.  Питата  се изработи во пекарата  Којник, по старински рецепт.  Во нејзината подготовка искористени  се 25 килограми тесто, 20 кг месо и 200 јајца. 

За нејзина изработка  ни беа потребни пет часови. Ја печевме во голема  фурна,   на дрва.  Таа е испечена по старински рецепт, како што се прават пастрмалии во Велес,  со децении - рече еден Орце Димовски еден од петте  мајсторите кои ја подготвија питата.  

Така е срушен рекордот кој пекара Којник лани го постави со должина од 3,3 метри а година пред тоа испече пастрмалија долга 3 метри. Средствата од продажбата на рекордно големата пита  се наменети за хуманитарна цел.

Таа се сечеше на парчиња а велешани за секое  донираа средства кои се за ранливите категории. Пастрмалијата тешка 50 килограми се изеде за 15-тина минути.  Првиот ден на Питијадата организаторот информираше дека  се изедоа  10 и пол илјади пити и се испиле 3,1 тони вино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати