Распишан е конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од Општина Велес

Петар Печков

Општина Велес го распиша конкурсот за учебната/студиска 2025/2026 година. Со него локалната власт финансиски ќе помага ученици од средно училиште и студенти. 

Предвидени се 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци. Како и 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија. Кандидатите треба да  ги исполнуваат следните услови:

  -  Да се редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за учебната годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија)  кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата, спортот и други учества (во претходната учебна година)

   - Да се редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари  од областа на науката, техниката, културата, спортот и други учества, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00
   -да се жители на Општина Велес 
  - да се државјани на Република Северна Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати