РК Бисинов се поблизу до Супер лигата

Петар Печков

Ракометарите на РК Бисинов се се поблизу до пласман во Супер лигата. Во 9 коло, на домашен терен во дербито го совладаа тимот на РК Радовиш, кој беше второпласиран со 26:25. Домаќините во првото полувреме беа во водство се до 25 минута, кога гостите израмија 12:12 па поведоа и првите 30 минути го решија во нивна корист 14:15. Во второто полувреме радовишани беа во водство се до 24 минута кога РК Бисинов стигна до израмнување а потоа и поведе со 23:22. Оваа предност ја сочуваа до крајот на натпреврот. Со оваа победа помладиот велешки лигаш има предност од 9 бода на пет кола до крајот. Во следното коло гостуваат во Скопје на претпоследно пласираната екипа на РК Македонија ЃП.

Постариот велешки ракометен лигаш МРК Борец го загуби натпреварот од разигрувањето за опстанок од РК Партизан Гевгелија со 33:46 (18:26). Со ова остнуваат последни на табелата, без ниту еден освоен бод. Во следното коло играат со составот на РК Текстилец во Штип, кој е 4 место со 15 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати