Петар Печков
Објавено: вторник, 19 август 2025
Кога ќе се санираат приодните патишта до езеро Младост, од двата крака на автопатот од Скопје и од Гевгелија, беше прашањето поставено на седница на Советот на Општина Велес.
За нивната состојба имаше и реакции од туристите кои во овој период во зголемен број ги посетуваат сместувачките капацитети, како пауза при одење или враќање од одмор во Грција.
„Имате убаво езеро, убав поглед, но лоши се приодите до енго. И од автоапт Скопје – Велес кај патарина Сопот и кај патарина Отовица за Велес- Скопје. Секоја година тие кратки реалции се во се полоша сотојба“ – велат туристи од Србија, кои се најбројни во Велешко.
Тие остануваат да преноќат или одморат. Градоначалникот на Велес Марко Колев кажа дека едниот патен правец, го нема но ниту еден план.
„Приодниот пат од кај патарина Сопот е под надлежност, на државата, тоа е регионален пат. Патот кај Отовица до автопат, не постои. Не се знае кој го има градено, кој го има финансирано. Тој пат е на диво, ниту приклучокот, ниту исклучокот се легални. Кога се градело нешто, некоја фирма го изградила, без документ, без проект. Пуштиле багер да го ископа, го асфалтирале и ете пат. Јас не можам да го реконструирам, не може пари да се издвојат наменат, оти патот не постои“ – одговори градоначалникот Колев.
Директорот на ЈП Дравни патишта, Коце Трајаноски, соопшти дека тие ќе го асфалтирааат, санираат приодиот пат до патарина Отовица.