Привршува санацијата на карпата Цуцка (фото)

Петар Печков

Привршува санацијата на карпата Цуцка, и свлечиштото на влезот  во Велес од правец на Градско. Таа започна во средината на месец април а изведувачот најавува дека до крајот на септември ќе завршат со градежните работи, што е порано од рокот кој беше даден за завршување на работите крајот на октомври.  Во изведбата на градежни работи, активно се вклучени четири лица алпинисти, кои   работат на поставувањето на мрежата, анкерисувањето.

На ова жешко време друштво по карпите ни прават змиите. Ни малку не е лесно на +40 во сенка, со шлемови да се искачуваме, работиме - вели Игор Сакалиев.  

Бидејќи деновиве се работи на пругата, во терминот од 8 до 16ч. запрен е  железничкиот сообраќај на релацијата Велес- Гевгелија и обратно, пред се на товарните возови, кои сообраќаат во овој период.  

Деновиве вршиме  торкетирање на бетон, на долниот дел од свлечиштето, кој е на ниво под регионалниот пат.  Потоа продолжуваме со уште еден дел од карпата, над патот.  Работи кои треба да се извршат потоа се  изработка на  одводен кана за  вода  со бетонски ивичњак и асфалтирање на оваа делница, каде се вршеа градежни работи. При кавењето, рушењето на карпите се поставуваа анкери кои се длабоки и до шест метри. Врз тие анкери се поставени мрежи, по што се вршеше двократно  бетонирање и поставување на еластични мрежи. Така тоа го спречува натамошното паѓање на камења од карпата. Извршено е поставување на бариера за заштита од одрони со  минимум кинетичка енергија на апсорпција од 1000  кило џули - кажа Блажо Петров градежен инженер во изведувачот „Стентон градба“.  

Инвеститор на работите е ЈП за државни патишта,  кое најави дека вкупните предвидени зафати треба да чинат 62,4 милиони  денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати